15.8 C
Скопје
15:55 - 26 март, 2025

(Фото) Сека Алексиќ вмешана во милионска измама: Пејачката има гласна порака!

Познатата фолк-пејачка Сека Алексиќ се пожали на Инстаграм за проблемот со кој моментално се соочува.

Сека е само уште една во низата познати личности кои станале жртви на интернет-измама. Не ја заобиколија измамниците на социјалните мрежи, кои користат имиња и фотографии на познати личности за лажни објави и реклами.

На Инстаграм двапати се појавиле реклами во кои се тврди дека Сека ослабела 15 килограми со метод кој станал вистинска сензација на интернет.

Во овие огласи стои: „Спорт и диета повеќе не се потребни. Овој едноставен метод ќе ви помогне. Целосно го промени мојот пристап“.

Покрај текстот, измамниците објавиле и две фотографии од пејачката, на кои таа носи сина тренерка и бомбер-јакна, со цел да ги натераат луѓето да поверуваат дека нејзината фигура е резултат на користење на овој производ.

Штом до неа стигнаа овие лажни реклами, Алексиќ двапати ги предупреди своите фанови на Инстаграм за измамите што кружат по социјалните мрежи.

„Лага“, накратко напиша Алексиќ покрај слика од контроверзната реклама.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Слични објави

„Санте плус 3“, лидер на услуга, квалитет и професионализам во здравствениот сектор: Заштитете го вашето срце, направете коронарен стрес-тест

Еспресо

Десингерица ги откри деталите за влегување во реално шоу: Ако „легнат“ доволно пари на сметка, ќе истрпам шест месеци

Еспресо

Еве на кој универзитет дипломирал Вељко Ражнатовиќ: Сменил три држави за своето образование

Еспресо

Падна одлука: Сопругата на Саша Поповиќ ги продава неговите автомобили вредни 200.000 евра

Еспресо

(Фото) „Имам алиби“: Владо Георгиев повторно направи хаос на социјалните мрежи

Еспресо

Еве кој ги доби милионите на Слаѓана Милошевиќ: Немаше деца, ним им оставила стан на Дедиње и голем имот

Еспресо