Кое е најлошо време да се мерите на вага?

Бројот на килограми е сепак, само број, и најважно е да бидете здрави и да се чувствувате удобно во своето тело.

Ако сте на режим на исхрана за слабеење не е паметно секојдневно да се качувате на вага и да проверувате до каде е состојбата.

Начинот на исхрана и одржувањето на здрава тежина треба да бидат составен ден од животот, не и опсесија.

Ако сакате да го следите напредокот на слабеењето, сосема е доволно да се мерите на вага еднаш неделно, велат фитнес експертите.

Ако сакате само да се осигурате дека ја одржувате саканата тежина, доволно е мерење еднаш во две недели, па дури и еднаш месечно.

Има четири ситуации во кои не треба да се качувате на вагата „ни за жива глава“: ден после интензивен тренинг, ден после долг лет со авион, непосредно после многу солен оброк и неделата пред очекувана менструација.

Идеално време за мерење на вага е наутро, по одење во тоалет, а пред појадокот.

Пронајдете не на следниве мрежи: