Струмичанец фатен со 2,34 промили алкохол

Околу 09:50 часот полицијата денеска регистрирала 48-годишен струмичанец како управува автомобил марка „голф“ со струмички регистарски ознаки со 2,34 промили алкохол во крвта.

Како што соопштија од СВР Струмица, пијаниот возач бил запрен на регионалниот пат Струмица-село Банско, во селото Куклиш. По извршената контрола со алкомер „дрегер“ било утврдено дека автомобилот го управува со количина за неколку пати поголема од дозволената.

Возачот бил исклучен од сообраќај, а констатираниот прекршок бил соодветно санкциониран.
За да спречите болка и грчеви во нозете и рацете, никогаш не допирајте

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.