ТЕРА

REKLAMA???

МИЦКОСКИ: ВЕТИВ ПОБЕДА СО НАЈМАЛКУ 100.000, ПОБЕДИВМЕ СО ПОВЕЌЕ ОД 170.000 ГЛАСОВИ

Ветив дека ќе победиме со најмалку 100.000 гласови разлика, победуваме со повеќе од 170.000, рече синоќа лидерото на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Многу работи зборувавме дека ќе се случат, не ни веруваа, не потценуваа. Мислеа дека со деца мали си имаат работа. Најлошо е кога човек ќе го потцениш. Но, ние благодарение на народот, народот на Македонија покажавме и докажавме дека Македонија ја има и ќе ја има уште многу долго време.

Ветував многу работи, и сите работи се случија. Не напаѓаа, не напаѓаа и од внатре, ни се закануваа, се обидуваа да не делат, се обидуваа да ја делат Македонија, се обидуваа да го делат народот, користеа структури од минатото на ВМРО-ДПМНЕ да не напаѓа, но ние издржавме затоа што верувавме и затоа што вие бевте со нас. Ви благодарам од срце народе на Македонија!

Ветував дека ќе се случи народ и денес се случи народ.

Победа, победа голема е ова за македонскиот народ, за граѓаните во Македонија!

Народ се излеа и пораката е јасна и единствена, Македонија не сее плаши, Македонија се враќа на народот. Целиот народ ние заедно со вас наспроти стотина трговци од ДУИ и СДСМ кои се причина за целото страдање, сиромаштија и криминал во Македонија.

Македонија е на нозе, нашата сила сте вие народот, граѓаните на Македонија.

Македонија денес покажа дека е посилна од криминалот и корупцијата и дека народот е определен.

Американскиот претседател Реган кажал: „И покрај сите наши разлики и несогласувања оваа е чесна скромна и голема земја, ѕвоната сепак ѕвонат за татковината”. Драги пријатели, браќа и сестри, резултатите кои ги постигнавме оставаат простор да бидеме задоволни. Имаме историска и огромна победа на многу избирачки места и бројките покажуваат дека оваа власт паѓа. Ова е најдобриот резултат што ВМРО-ДПМНЕ го имала од позиција на опозиција. Над 600 илјади луѓе гласаа против власта.

Ова е победа на народот. Цунамито се крена и им виси на глава, а на 8 мај ќе ги потопи целосно“ рече меѓу другото Мицкоски.

Мицкоски упати голема благодарност до како што рече оваа дама до мене професорката Гордана Силјановска Давкова.

„Ја напаѓаа, ја навредуваа, но таа издржа и храбро се бореше. Ве молам огромен аплауз! Докажа дека верува и е горда и ќе ја направи Македонија повторно горда. Професорке заедно ќе успееме! Овие гласови се одговорност но и револт кон Пендаровски“ рече Мицкоски.

Мицкоски кажа дека синоќа пред да се обрат се слушнал со албанската опозиција со Арбен Таравари и му честититал на резултатот.

„ Македонија ќе ги мобилизира сите капацитети најквалитетните македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци. Ова е ваша земја, заедничка земја време е да си ја вратите во ваши раце и да испишеме заедно една нова историја со која сите заедно ќе се гордееме.

Во вториот круг да не дозволиме ДУИ да успее во намерите да направи нешто кое што никој од нас не го сака, а тоа е, направи добар резултат. Затоа, ве повикувам излезете и заедно, сите ние да гласаме за Македонија да биде повторно горда и да биде Македонија повторно твоја, да биде Македонија повторно ваша.

Покажете им на сите дека Македонија живее, дека Македонија е идеја во која веруваме и која ќе опстане и успее. Пред една недела повикав на национално единство, но после денешниот ден и со оглед на одговорноста која ја имаме и предизвиците пред кои застануваме, јас повикувам на целосно народно и се државно обединување против оваа власт.

Ги повикувам сите Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и сите останати. Ги повикувам христијаните, муслиманите, политички определените и неопределените, академиците, професорите, докторите, новинарите, уметниците и спортистите, подавам рака и ги повикувам патриотските здруженија, дијаспората, синдикатите, земјоделците, вработените и невработените, пензионерите, младите во Македонија, студентите, стопанските комори, секој еден човек, дојдете да се сплотиме и обединиме“ рече Мицкоски во своето обраќање.