За прв пат во историјата на Премиерлигата судија ќе носи камера

Натпреварот помеѓу Кристал Палас и Манчестер Јунајтед кој ќе се одигра денеска од 21 часот во Лондон ќе донесе и историја во Премиерлигата со тоа што за прв пат во натпреварувањето еден судија на главата ќе носи монтирана камера. Таа чест му припадна на Џеред Гилет.

Популарната „RefCam“ сепак нема да пренесува во живо, туку снимката од натпреварот ќе се користи во иднина со едукативна цел за проучување и прегледување на ситуациите во проектот за едукација на судии.

Оваа технологија претходно беше применета и во Бундеслигата. Судијата Даниел Шлагер носеше камера и микрофон во ремито на Ајнтрахт и Волфсбург од 2-2.

Се вчитува...