17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Ако не беше СДСМ, Македонија немаше да биде демократска држава, бидејќи демократијата во Македонија ја врати СДСМ во 2016 година

„ И јас и мојот претходник и претседателот на државата Пендаровски многу пати имаме кажано дека носиме одлуки кои што се во интерес на граѓаните и на државата не штедејќи го својот личен партиски рејтинг и кредибилитет. И тоа сме го докажале, за тоа не може да кажете дека не било кажано или било задоцнето кажано. Ако не беше СДСМ Македонија прво немаше да биде демократска држава бидејќи демократијата во Македонија ја врати СДСМ во 2016 година. Ние бевме држава со заробени медиуми. Заробена држава по сите извештаи и држава без препорака за членство во ЕУ. Подоцна станавме благодарение на СДСМ и одлуките кои што ги донесовме тешкиот Преспански договор земја членка на НАТО. И потоа станавме земја која ги отвори преговорите со ЕУ повторно заради СДСМ и одлуките кои што ги донесовме и тоа после 17 години чекање бевме изложени на хистерија ширена од многу центри пред се од опозицијата дека ќе сме го изгубеле јазикот, идентитетот културата што се покажа како апсолутно неточно, ние денес имаме преговарачка рамка со чист македонски јазик, преговараме со ЕУ на македонски јазик, како македонци со македонски идентитет,“ посочи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за 360° на МРТ 1.

Ковачевски подвлече дека од временска дистанца сите работи ќе станат јасни, како и дека многу македонци не верувале дека во ОН ќе влеземе како македонци, но благодарение на Киро Глигоров ние сме македонци со македонски јазик во ОН.

„Многу македонци не веруваа заради таа иста хистерија дека во НАТО ќе влеземе како македонци со македонски јазик, во НАТО влеговме како македонци со македонски јазик. Многу македонци заради изложеноста на такви информации и од политички фактори, медиумски фактори, поединци итн не веруваа дека ќе имаме преговарачка рамка со чист македонски јазик, ние денес имаме цело европско законодавство се преведува на македонски јазик, на преговарачките кабини во Брисел стои македонски јазик и во Брисел се запослуваат преведувачи на македонски јазик,“ истакна Ковачевски.

Тој се осврна и на договорот ФРОНТЕКС кој не се потпишувал повеќе од деценија помеѓу Македонија и ЕУ затоа што била пречка јазичната клаузула.

Дали ние го потпишавме договорот ФРОНТЕКС со ЕУ во 2022 година, го потпишавме, на кој јазик го потпишавме, на македонски јазик. Одобрен договор од сите 27 земји членки на ЕУ вклучително Бугарија и Грција, никој во тоа не веруваше,“подвлече Ковачевски.