Познати Инстаграм

Не личи на себе: Вака навистина изгледа Меган Фокс, фановите не ја препознаа

„Ништо полошо од лош избор на партнер. Незадоволни од околината, се менуваме себеси. Драга Меган, не личиш на себе”, напишала една девојка.

Не личи на себе: Вака навистина изгледа Меган Фокс, фановите не ја препознаа

Актерката Меган Фокс важи за една од најубавите жени на светот, а предизвикува воздишки каде и да се појави. Секогаш блеска на црвениот тепих, но и не бега да се појави без шминка и во опуштено издание.

Така, Меган Фокс сега објави фотографија без шминка на својот Инстаграм профил, но судејќи по коментарите, тоа не им се допадна на нејзините фанови.

Како што истакнаа нејзините фанови, Меган „не личи на себе“ на фотографијата, а ја споредија со Ким Кардашијан и Челзи Блеквел.

„Добро, ова не е Меган Фокс. Одиме понатаму“, „Ти си убава, но ова не личи на тебе“, „Изгледаш како робот“, „Да не го прочитав името, немаше да знам дека си ти“, беа само дел од коментарите.

Многумина исто така коментираа дека нејзиниот изглед е резултат на токсичната врска со раперот Машин Ган Кели.

„Ништо полошо од лош избор на партнер. Незадоволни од околината, се менуваме себеси. Драга Меган, не личиш на себе”, напишала една девојка.

Меган, инаку, неодамна откри што си направила и открила дека имала неколку операции на градите, но и го оперирала носот кога имала дваесетти години.Признала и дека користела ботокс и ги зголемила усните, но и негираше дека го затегнала лицето и направила липосукција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

Најнови вести од Познати

To top