Поради дефект, товарен авион слета на својот труп во Истанбул/видео

462

Товарниот авион „Боинг 767“ на „Федекс ерлајн“ денеска слета на трупот на авионот, откако му откажа предната опрема за слетување при слетувањето на аеродромот во Истанбул, јавува Anadolu Agency.

Екипажот на авионот пријавил во контролната кула дека од Париз до Истанбул пристигнувал со дефект на опремата за слетување.

Пилотот побарал дозвола за ризично слетување на трупот, што е успешно изведено, со интервенција на Аеродромската спасувачка и противпожарна служба.

Во авионот нема повредени, а во тек е отстранувањето на леталото од пистата, наведува турската агенција.