Бремена жена дошла на редовен преглед, лекарите по грешка и направиле абортус: Ужас во болница во Прага

Здравствен експерт вели дека освен големата негрижа од страна на персоналот, за шокантниот настан придонела и јазичната бариера

Бремена жена која дошла на редовен преглед во болница во Прага направила абортус откако лекарите не сфатиле дека се работи за погрешен пациент .

Во трагичен инцидент претходно оваа недела, мешањето меѓу две странци во Универзитетската болница Буловка во Прага 8 резултираше со абортус на бремена жена без нејзино знаење или желба.

Здравствен експерт вели дека освен големата негрижа од страна на персоналот, за шокантниот настан придонела и јазичната бариера.

Кобната грешка се случила на 25 март, јавуваат чешките медиуми. Имено, една трудница дошла во болница на редовен преглед на бременоста. Меѓутоа, медицинските сестри, лекарите, гинеколози и анестезиолози ја помешале со друга трудница, на која и била закажана киретажа (метод на абортус).

Така бремената мајка била ставена под општа анестезија и лекарите по грешка и направиле абортус.

„Министерството за здравство изразува длабоко жалење до пациентот и целото семејство“, рече портпаролот на министерството Онджеј Јакоб во соопштението за печатот во четвртокот.

„Имаше непростлива човечка грешка, а одговорните беа разрешени од нивните должности“, додаде тој.

Самата болница за информативниот портал „Novinki.cz“ соопшти дека е подготвена да плати отштета.

Според чешките медиуми и двајцата пациенти се странски државјани кои живеат во Чешка.

Официјалните лица не објавија никакви информации за идентитетот на жените.