свет

Средба Ердоган - Ал Шара: Туркије ќе продолжи со напорите за укинување на меѓународните санкции за Сирија

Средбата меѓу Ердоган и Ал-Шара се одржа на маргините на Форумот за дипломатија во Анталија

Asiye Latife Yılmaz  | 11.04.2025 - Обновена : 11.04.2025
Средба Ердоган - Ал Шара: Туркије ќе продолжи со напорите за укинување на меѓународните санкции за Сирија

Istanbul

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес му кажа на својот сириски колега Ахмед ал-Шара дека Анкара ќе продолжи со дипломатските напори за укинување на меѓународните санкции за Сирија, јавува Анадолу.

Средбата меѓу Ердоган и Ал-Шара се одржа на маргините на Форумот за дипломатија во Анталија.

„За време на средбата, претседателот Ердоган рече дека Туркије го поздравува фактот што на оние кои сакаат повторно да се случи хаос во Сирија не им се дава можност и нагласи дека следните години ќе бидат години на стабилност, просперитет и мир во Сирија“, се вели во соопштението на Директоратот за комуникации при турското Претседателство.

Тој ја истакна и важноста од зголемување на напорите за ревитализација на комерцијалната и економската соработка со Сирија и додаде дека може да се разгледаат чекори и во други области.

„Претседателот Ердоган истакна дека Туркије ќе продолжи да ги поддржува напорите за стабилизација на Сирија, исто како што правеше досега“, се додава.

Тридневниот форум, што започна денес во турскиот туристички град Анталија, е фокусиран на темата „Враќање на дипломатијата во фрагментиран свет“.

Настанот ги обединува глобалните лидери, креатори на политики и експертите со цел справување со критичните глобални предизвици, како геополитичките тензии, нееднаквоста, насилството и климатските промени, воедно истражувајќи начини преку кои дипломатијата може да ја врати стабилноста и да се поттикне меѓународната соработка.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.