12.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Позната пејачката продавала крв за да дојде до пари

Ретко кој не се сеќава на атрактивната пејачка Никол Шерцингер, поранешна членка на групата Пусикет долс. Никол беше една од највпечатливите членки на споменатата група, а освен со гласот се истакна и со својот атрактивен изглед.

Пејачката сега има 44 години и изгледа подобро од кога било. Таа ужива во сето она што го постигнала досега, а често истакнува дека животот не и бил воопшто лесен.

Имено, нејзините родители не можеле да и обезбедат се, па таа морала да заработува пари за своето образование.

За да заработи, продавала шминка, пеела опери во италијански ресторан, а она што многумина ги шокирало е продавањето крв.

– Бев најсиромашна кога учев. Давав крв за да дојдам до пари – изјавила Никол. Таа открила и дека нејзиниот најчест оброк биле палачинките со вода, бидејќи биле евтини и заситувачки.

– Многу го сакам семејството, но никогаш не сум имал некој што би ми купил автомобил или би платил часови по пеење или танцување. Сè постигнав сама, со мојот труд, додала.

Никол сега има се за што сонувала, успешна кариера, љубов, пари и слава.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести