еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Добивката на Витаминка во првиот квартал намалена за 117%

Витаминка АД Прилеп во првиот квартал од годинава остварила единечни вкупни приходи од 824,607 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2023 година истите бележат незначителен пад од 0,02%, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги  од основна дејност,  кои во споредба со остварените во 2023 година се помали за 0,02%.

Остварените единечни вкупни расходи во првото тромесечје од 2024 година изнесуваат 794,259 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2023 година бележат намалување од 2%. Висината на вкупните расходи е во корелација со работењето во првото тромесечје од 2024 година.

Во извештајниот период е остварена добивка по оданочување во висина од 12,150 илјади денари, која во споредба со добивката за истиот период од минатата година е намалена за 117%.

Трендот на вкупниот приход на друштвото не е лош, но сепак неблагодарно е да се предвидува во услови на макроекономска нестабилност. Воениот конфликт во Украина, умерената инфлација и геополитичката состојба и понатаму е непозната. Оперативниот тим на Друштвото води посебна грижа за готовинскиот тек, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се најголеми акционери во Витаминка

Витаминка лани со зголемена добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кај 30% од случаите на Ковид-19 присутни хронични здравствени состојби

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на општина Кичево за набавка на бензин вреден 57.000 евра

Редакција

48-годишен кичевец пронајден мртов во прилепско село Десово, двајца осомничени за убиство

Редакција