Птичјиот грип пристигна и на Антарктикот | Научниците се плашат од можна катастрофа

1129

Оваа болест ги десеткува популациите на птици ширум светот во последните месеци.

Смртоносниот вид на птичји грип за прв пат е потврден на Антарктикот, што доведува во опасност голема колонија пингвини, предупредија научниците.

Откритието покажува дека високопатогениот вирус на птичји грип за прв пат стигнал до Антарктикот и покрај растојанието и природните бариери што го делат од другите континенти, соопшти во неделата Spain’s Higher Council for Scientific Research (CSIC).

Присуството на вирусот беше потврдено на 24 февруари во примероци од мртви морски птици пронајдени од аргентински научници во близина на антарктичката база Primavera, додаде CSIC.

Случајот на Антарктикот, кој е потврден по случаите на блиските острови, дом на златните пингвини, го нагласува ризикот за колониите во поширокиот регион од болеста што ги десеткувал популациите на птици ширум светот во последните месеци.

Стотици илјади пингвини се собираат во тесни колонии на антарктичкиот континент и блиските острови, што би можело да дозволи смртоносниот вирус лесно да се шири.