Работнички на Градски ја победи Беса со минимални 1-0 со гол на Анес Рушевиќ од пенал по десет минути игра во второто полувреме. Немаше победник на мечот меѓу Силекс и Тиквеш, дуелот заврши 1-1.
Кавадарчани поведоа со гол на Мишов во 31. минута, четири минути подоцна израмни Додев. Нерешено заврши и мечот меѓу Струга и Шкупи, но крај Охридското езеро немаше голови, беше 0-0.
Воска со голови на Виноградац и Осеи победи на гостувањето кај Гостивар со 2-0. Шкендија со 2-1 ја победи Брера. Ибраими ги даде двата гола за тетовскиот тим, Нџенгу погоди за струмичани.
Во саботата Вардар со 3-1 славеше на гостувањето кај Пелистер.
Резултати 25. коло:
Работнички – Беса 1-0
Силекс – Тиквеш 1-1
Струга – Шкупи 0-0
Гостивар – Воска 0-2
Шкендија – Брера 2-1
Сабота:
Пелистер – Вардар 1-3
Табела: Шкендија 53, Силекс 49, Работнички 48, Гостивар 44, Струга 39, Шкупи 32, Пелистер 29, Вардар 25, Тиквеш 22, Воска 22, Брера 21, Беса 21.