Џенова со убедлива победа го прослави опстанокот во Серија А (Видео)

Џенова го победи Каљари со убедливи 3-0 и со тоа и математички го обезбеди опстанокот во Серија А на четири кола до крајот на сезоната.

За Каљари заврши серијата од четири кола по ред без пораз, а тимот остана на три бода над опасната зона, па тимот од Сардинија го чека битка за опстанок во најквалитетното италијанско фудбалско друштво.

За Џенова ова беше десетта победа сезонава. Алберт Гудмунсон го даде својот 14-ти погодок сезонава, со што е шестиот најефикасен странец во историјата на Џенова според бројот на голови во една сезона во Серија А. Рекордот на Џенова го држи Милито со 24 голови.

https://twitter.com/i/status/1785025615759876204

- Оглас -

Најнови вести