Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите, како што нагласуваат, изнесени од граѓански здруженија дека полицијата наводно не постапила по пријавите на жените кои беа убиени во Кочани и Куманово. Напротив, се наведува во демантот, од страна на МВР е постапено по секоја пријава.

Во врска со случајот во Куманово, од страна на СВР Куманово редовно се преземани мерки и активности, и во периодот од 2013 до 2023 година од страна на СВР Куманово до надлежното ОЈО Куманово се поднесени пет кривични пријави против Д.Ј. за сторено кривично дело по член 130 ст. 2 од Кривичниот законик, во кои оштетено било лицето Е.А.. Во врска со случајот во Кочани, во ОВР Кочани на 16.05.2023 во 11.30 часот Т.М. пријавила дека подолг период У.Р., со кого биле во љубовна врска, ја уценувал дека ќе објави компромитирачки фотографии и видеа доколку не му даде пари. Од страна на инспектори во НК за КР – ОВР Кочани е постапено по пријавата и на 31.05.2023 до ОЈО Кочани е доставен поднесок – известување, со службен материјал во прилог, а на 05.06.2023 до надлежното Обвинителство е доставено и дополнување на известувањето, со службен материјал во прилог, појаснуваат од МВР.

Министерството за внатрешни работи, стои во демантот, секогаш постапува по добиените пријави и се преземаат мерки и активности во координација со другите надлежни институции. Од МВР апелираат да не се пласираат дезинформации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.