Search

Четвртиот квиз Мастерс за сезоната 2023/24 на 12 мај во Охрид

На 12 мај во Охрид, во просториите на Kasarna HUB ќе биде одржан четвртиот квиз Мастерс за сезоната 2023/24.

Автор на прашањата е Мартин Мајк Петрески, а квизот се состои од осум теми – култура, забава, историја, животен стил, медиуми, наука, спорт и свет. Секоја од осумте теми е застапена со по 25 прашања, односно вкупно 200 прашања поделени во два дела од по 100 прашања. Секој од двата дела се состои од по четири од горенаведените теми, а времето за решавање за секој од деловите е еден час, односно вкупното време за решавање на целиот квиз е два часа.

За учество на Мастерсот потребно е да се пријавите преку фејсбук страница или со пополнување на следниот формулар:

https://forms.gle/mM7KyM6TnLK9W8KS7

Најново

Последни колумни