Важеше за фатална убавица и заведе тројца моќни мажи: Ова се љубовните приказни на Елена Караман

Елена Кариќ како тинејџерка се испробала во манекенството, а била на насловните страници на бројни југословенски списанија.

Кога почна да се занимава со манекенство, важеше за една од најатрактивните белграѓанки, па набрзо ја нарекоа фатална заводничка.

Нејзината венчавка со еден од најуспешни фудбалери во деведесетите, Предраг Мијатовиќ привлече големо внимание во јавноста, а набрзо таа стана една од најубавите сопруги на нашите спортисти.

Елена и Предраг се венчаа во раните деведесетти, тогаш таа имаше 18, а тој 22. Елена веќе важеше за белградска убавица, а Предраг беше значајно име во светот на спортот, но и миленик на жените. Љубовната приказна на Елена и Предраг се префрли на повисоко ниво со раѓањето на нивните синови Андреја и Лука. Постариот син Андреј почина во 2009 година на 14-годишна возраст од церебрална парализа. Популарниот пар се разведе во 2001 година, а нивната разделба беше крај на една љубовна приказна и најава за нова.

Во нејзиниот живот се појави Андрија Драшковиќ со кој го доби синот Матеја. Нејзината врска со контроверзниот Андрија Драшковиќ следеше набргу по разводот и беше многу бурна. Се зборува дека во една прилика Елена му дошла на врата само облечена во бунда и долна облека, пишува „Блиц“. Елена тогаш нивниот крај го опиша како цивилизирана разделба, а нејзиниот изглед продолжи да привлекува огромно внимание.

По две љубовни приказни кои го привлекоа вниманието на јавноста, следуваше трета, кога Елена стана снаа на семејството Кариќ. Запознавањето со седум години помладиот Југослав Кариќ, син на Хафа и Драгомир Кариќ, прерасна во голема љубов. Познатиот наследник не го криеше воодушевувањето од Елена, се зборуваше дека решил да се ожени со неа веднаш штом ја видел, а на 11 март 2005 година и официјално се венчале. Елена стана госпоѓа Кариќ, додека пресвртот се случи во октомври 2005 година, кога Елена и Југослав го добија синот Симон.

„Со Југослав се запознав случајно, на прославата на БК Телевизија. Немав поим кој е тој, па реков: „ Ама добар даса“. И тоа беше единствениот човек за кого прашав: „Кој е тоа“? Не запознаа заеднички пријатели. Криеја дека Југослав е седум години помлад од мене. Не ме лажеше за да биде чист подоцна, само премолчи се од мене. Подоцна се правдаше: „Па, веднаш да ви кажев, ќе речевте: „Дечко, олади!“ А вака, подоцна, кога ќе функционираат емоциите, не можеш само да ме пуштиш!’ И тој беше во право, веќе беше доцна – веќе бев закачен! Не ми беше грижа кога дознав колку е помлад. Денес тоа не ми пречи, тој е зрел и сериозен човек. Јас сум таа која често е детинеста“, вели за „Бликс“ Елена, која во меѓувреме се разведе од Југослав Кариќ.