Играч на Бетис се здобил со тешки повреди на главата и се бори за живот

Шпанскиот фудбалер Феликс Гарета, кој има само 20 години и е член на Бетис, се бори за живот. Гарета е во болница во Барселона, каде што е ставен во индукциска кома, а лекарите неговата состојба ја проценуваат како „неизвесна“.

Гарета, кој е фудбалер на Бетис, сезонава настапува како позајмен играч во второлигашот Аморебиета. Седумпати бил дел од У 19 репрезентацијата на Шпанија.

До несреќата дошло додека централниот дефанзивец бил во својот дом во Барселона, каде што се здобил со тешки повреди на главата. Според информациите од „Кадена сер“, фудбалерот имал вртоглавица во последните неколку дена. Од тимот на Аморебиета денеска ги откажаа сите активности.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести