Баер немаше милост: Ајнтрахт Франкфурт доби „петка“ од Бундес-шампионот (Видео)

Новиот шампион на Германија, Баер Леверкузен, продолжува со стил да ги гази своите противници. Попладнево „петка“ доби и екипата на Ајтрахт и тоа во Франкфурт. „Фармацевтите“ предводени од Чаби Алонсо немаа милост и победија со убедливи 1-5, со што ја зголемија предноста пред Баерн Минхен на +15 поени.

Сите пет гола за Баер Леверкузен беа дело на различни стрелци. Прецизни беа Џака, Шик и Фримпонг од игра, како и Паласиос и Бонифиче од пенал. Единствениот гол за Ајнтрахт беше дело на Екитике, кога го израмни резултатот на 1-1.

- Оглас -

Најнови вести