Алиев и Пашинјан постигнаа историски договор за враќање на четири ерменски села во Азербејџан


 

Ерменија се согласи да врати неколку села на Азербејџан, што денеска е опишано како важна пресвртница додека двете страни се приближуваат до мировен договор по двете војни од распадот на Советскиот Сојуз.

Портпаролот на азербејџанското Министерство за надворешни работи, Ајхан Хаџизада, на платформата Икс објави дека Ерменија ќе врати четири села во близина на заедничката граница што беа „под окупација“ од раните 1990-ти, опишувајќи го тоа како „долго очекуван историски настан“.

-Во овој процес, Република Ерменија добива намалување на ризиците поврзани со демаркацијата на границата и безбедноста, изјави ерменскиот премиер Никола Пашанјан, цитиран од државната агенција.

„Примопредавањето во пракса опфаќа само две и пол села бидејќи Азербејџан веќе делумно ги контролираше придружените населби, но демаркацијата на границата се смета за значаен настан“, се додава.

Населбите се напуштени, но се стратешки важни бидејќи се блиску до главниот ерменски автопат, северно до границата со Грузија, преку кој се одвива голем дел од нејзината трговија, како и до гасоводот преку кој добива гас од Русија. Договорот е постигнат на средба на границата на двете земји.

Азербејџан побара враќање на селото како предуслов за мировен договор по повеќе од три децении конфликт, главно фокусиран на Нагорно-Карабах.