ЕУ има амбициозна цел до 2030 година да произведе 20 отсто од светските потреби за полупроводници

Донекаде неодговорно, земјите од Европската унија со текот на годините дозволија многу стратешки индустрии да се преселат на истокот. А тогаш се појавува недостиг на одредени производи и истите тие земји сфаќаат дека локалната индустрија ги поддржува локалните производители. Конкретно, корејските производители на чипови прво (сосема нормално) ги задоволуваат потребите на Kia и Hyundai. 

Кризата со чипови тешко ја погоди европската автомобилска индустрија и сега се прават обиди на тоа да се стави крај. Земјите од Европската унија се согласијле да продолжат со планот од 43 милијарди евра за почеток на производство на полупроводници на нивна територија, пишува Bloomberg.

ЕУ има амбициозна цел до 2030 година да произведе 20 отсто од светските потреби за полупроводници. Претходно оваа година, Европската комисија објави план наречен EU Chips Act, кој предвидува инвестирање околу 43 милијарди евра во индустријата за полупроводници на континентот, вклучувајќи истражување и производство.

Иако планот нема да биде финализиран до следната година, голем број компании веќе најавија нови локации за производство на полупроводници, вклучувајќи ги Intel, GlobalFoundries, STMicroelectronics и Infineon Technologies.