Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг забранил прашања од три медиуми на последниот прес

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Ерик тен Хаг е под голем притисок во завршниот дел од сезоната, а очигледно реши на погрешен начин да се соочи со дел од критиките кои ги добива во периодот кога се решава дали ќе остане на менаџерската функција во Манчестер Јунајтед.

Холандскиот стручњак направил невообичаен потег на вчерашната прес-конференција, забранувајќи прашања од новинарите на три медиуми, што секако само ќе ги зголеми критиките на негова адреса.

Тен Хаг не забранил присуство, но однапред им било посочено на претставниците на „Мирор“, „Сан“ и „Манчестер ивнинг њуз“ дека нема да смеат да поставуваат прашања.

Кулминацијата на незадоволството кај менаџерот на Јунајтед се случи по жестоките критики за случувањата во полуфиналето на ФА купот, во кое неговиот тим испушти три гола предност против Ковентри и се спасуваше преку пеналите.

Тен Хаг направи сличен потег и претходно, кога забрани прашања од четири медиуми, затоа што наводно тие не овозможиле одговори за објавените негативни приказни поврзани со клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни