3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќјака во Македонија: Се судрија туран и југо, има повредени

На 26.11.2022 во 12.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес-с.Извор, пред мостот на река Тополка, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “фолксваген туран“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.М.(45) од с.Мартолци, и патничко моторно возило “југо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.О.(37) од Чашка.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.О., а со телесни повреди се здобила сопатничката од истото возило Л.О.(60) од Чашка, констатирани во Општата болница во Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.