Во пресрет на завршувањето на средното училиште, Барон Трамп влегува во политичката арена

Барон Трамп, синот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, сѐуште не завршил средно училиште, но веќе почна да игра големи политички игри.

Републиканската партија на Флорида во средата вечерта го избра 18-годишниот Барон Трамп за еден од делегатите на државата на Републиканската национална конвенција, пренесува Politico.

Претставник на кампањата на Трамп рече дека Барон е „многу заинтересиран за политичкиот процес во земјата“.

Делегатите ќе се појават на републиканската национална конвенција во јули.

Претседателот на Републиканската партија на Флорида, Еван Пауер, одржа телефонски повик во средата вечерта со водачите на делегацијата.

„Ние сме среќни што имаме голема група локални лидери, избрани функционери и членови на семејството Трамп кои работат заедно како дел од делегацијата на Флорида на Републиканската национална конвенција во 2024 година“, се вели во соопштението на Пауер.

Додека листата вклучува неколку членови на семејството Трамп, таа вклучува и лидери на екосистемот GOP на Флорида.

Меѓу нив има и функционери кои го поддржаа гувернерот Рон ДеСантис.

Доналд Трамп неодамна изјави дека нема да може да го види Барон Трамп да заврши средно училиште поради судењето, но судијата му дозволи да присуствува на церемонијата следната недела во Академијата Оксбриџ.

Барон Трамп не објави какви се неговите планови по дипломирањето.

Меѓу нив има функционери кои го поддржаа гувернерот Рон ДеСантис.