Комбинацијата на овие две намирници е најдобар избор за доручек за здравјето на вашите црева

25 април, 20240
1714023025-phil-hei-6XvN2bN6P8o-unsplash-1024x683

Исхраната погодна за цревата е клучна за вашето здравје и долговечност.

Микробиомот богат со добри бактерии е важен не само за правилно варење, туку и за здравјето на имунитетот, регулација на расположението, па дури и може да игра улога во спречувањето на когнитивниот пад.

Затоа, многу е важно денот да го започнете со храна која го поддржува здравјето на цревата.

Гастроентерологот д-р Керолин Сојка откри што треба да содржи ваквиот појадок.

„Јајцата и јогуртот се одличен начин за добивање на протеини, како и здрави пробиотици кои се одлични за диверзификација на вашиот цревен микробиом“, рече таа.

Овие две намирници го поддржуваат здравјето на цревата. Јогуртот е ферментиран со природни бактерии и квасци, обезбедувајќи природен извор на пробиотици. Додека јајцата се преполни со хранливи придобивки, вклучувајќи протеини, омега-3 масни киселини, витамин Б.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi