ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стручното образование ги празни гимназиите во Охрид и Струга

Стручното образование ги празни гимназиите во Охрид и Струга

Поголемиот интерес за некои дисциплини од стручното образование ги празни гимназиите. Во Охрид и Струга дел од наставниците би можеле да останат без работа. Во гимназијата Ибраим Темо во Струга во последните три години бројот на ученици е намален за 50.

Сè помал е интересот за запишување во гимназиски паралелки во Струга и Охрид. Ваквиот тренд влијае на намалување на часовите на наставниот кадар. Постои стравување дека дел од него во иднина може да остане без работа. Се трудиме да ги зачуваме работните места, но до кога – не знаме, вели директорката на струшката гимназија, Бесиме Јонузи.

“Ќе споменам само еден случај. Имаме наставничка која е на породилно отсуство и со нејзиното враќање таа ќе остане со 10 часа помалку, а е наставник со години со решение. Се надеваме на најдоброто се надеваме дека интересот на учениците за гиманзиско образование ќе се зголеми, за да ги зачуваме работните места. Но, тоа не зависи од нас, дали тоа ќе биде. Секако со намалување на бројот на ученици се намалува и бројот на паралелки“, рече Бесиме Јонузи- директорка на гимназија Ибраим Темо-Струга.

На ваквата состојба влијае и предусловот за висок просек за запишување во гимназиите, односно најмалку 60 поени. Во гимназијата Ибраим Темо во Струга во последните три години бројот на ученици е намален за 50. Во охридската гимназија пак, оваа учебна година има паралелка со само 15 ученици.

„Мислам дека тука големо влијание има и таа промоција, од страна на државата и повисоките органи, кога активно зазедоа став – запишувајте се во дуално, не се запишувајте во гимназија. Мислам дека тука е направена штета кон гимназиите во државата и ние сме засегнати од тој проблем…“, изјави Светлана Велкоска- директорка на Гимназика Св.Климент Охридски-Охрид.

Ако во охридската гимназија некогаш се запишувале по 200 ученици, сега тој број е само 100. Годинава има и една паралелка помалку. Освен намалениот интерес за гимназиското образование, дополнителна причина за помалиот број ученици се иселувањето во странство и намалениот наталитет./Алсат.мк

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button