Press "Enter" to skip to content

“Cosmic Easterland“ – настан на “Cosmic Development“ на кој забавата се спои со филантропијата (фотогалерија)

Минатата сабота, ИТ комапнијата “Cosmic Development“ не само што беше домаќин на еден донаторски настан – тие создадоа цел свет на радост, забава и подарување пред нивните канцеларии во Битола. Под наслов “Cosmic Easterland“, се организираше настан кој не беше само за славење на празниците кои доаѓаат, туку се осмили концепт во кој беа вклучени стотина вработени од оваа глобална компанија која функционира на два континенти, за ширење радост, правење вистинска разлика и служење како пример во организацијата на настани поврзани со собирање на донации.-“Cosmic Development“ е компанија која наголемо е вклучена во филантропски активности низ годините. Овој пат, сакавме да создадеме поинакво искуство кое не само што ги зближи семејствата на нашите вработени, туку повторно и врати на заедницата. Велигден е време на обновување и надеж, и има ли подобар начин да се прослави од оној да им се вратиме на оние на кои им е потребна поддршка, истакна Андриана Поповска, директор на човечки ресурси во “Cosmic Development“Од моментот кога гостите дојдоа во паркот пред зградата каде што е сместен “Cosmic Development“, ги пречека калеидоскоп од бои и активности.-Нашата цел беше да создадеме извонредно искуство за сите што присуствуваа. Имавме сè, од сликање на лицата на децата, маскоти, забава за сите генерации и вкусови, до вкусни задоволства и рачно изработени велигденски подароци – се за да се осигураме дека секој гостин ќе има незаборавно време поминато со нас, додаде Поповска.Но, тоа не беше само за забава. “Cosmic Easterland“, кој се организира прв пат на ваков начин, има планови да стане традиција на оваа компанија во наредните години, а со тоа и станува и платформа за донации.

-Секој продаден сувенир или храна, оди директно во фондот на компанијата создаден за помош на оние на кои сме им најпотребни. Ние сме горди и среќни што можеме да кажеме дека нашите вработени самоиницијативно вложија свое лично време и труд во изработка на стотици продукти и во организирање на овој настан, а секое купување имаше значајно влијание во нечиј живот,  истакнуваат од “Cosmic Development“.

Настанот поставува нов стандард за ангажман на еден тим со заедницата и добар пример за другите бизниси во регионот. Пораката на “Cosmic Easterland“ e јасна – кога бизнисите и заедниците ќе се здружат, се случуваат неверојатни работи.-Веќе планираме и поголем настан за следната година, низ насмевка Поповска.-Сакаме да го направиме “Cosmic Easterland“ традиција која ќе носи радост и надеж во нашата заедница во годините што доаѓаат. Воедно, го покануваме и поттикнуваме и другите бизниси и компании да ни се приклучат догодина и заедно да направиме едно големо и хумано дело.

More from КомерцијаMore posts in Комерција »