Во шестата изборна единица, како пратеник од СДСМ влегува само актуелната министерка за одбрана Славјанка Петровска. Вицепремиерот Бојан Маричиќ и лидерката на ДОМ, Маја Морачанин нема да седнат во пратеничките фотелји. ВМРО-ДПМНЕ најмногу пратеници има освоено во третата изборна единица – 14, а намјалку во шестата – 3
Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според последните податоци објавени од Државната изборна комисија, со освоени 431 251 глас ја однесе победата на вчерашните парламентарни избори, која во моментов се ефектуира со освоени 58 пратенички мандати на државно ниво, врз основа на резултатите од сите шест изборни единици.
Најмногу мандати оваа коалиција има освоено во третата и во четвртата изборна единица – 14, односно 13.
Нивниот главен политички ривал – СДСМ со „Коалицијата за европска иднина“ двојно, па и тројно заостанува во речиси сите изборни единици, според бројот на освоени пратенички мандати врз основа на досега обработените податоци. Според овие податоци, досегашната владејачка партија во идниот парламентарен состав би имала 18 пратеници.
Изборна единица 1
Во „единицата“, според податоците на ДИК, коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 76 192 гласови и би имала 10 пратеници. „Коалицијата за европска иднина“ предводена од СДСМ освоила 25 730 гласа или три мандати.
Според тоа, во новиот парламентарен состав од овие две коалиции како пратеници влегуваат:
СДСМ
- Димитар Ковачевски
- Моника Зајкова
- Даниела Николова
ВМРО-ДПМНЕ
- Христијан Мицкоски
- Гордана Димитриеска-Кочоска
- Љупчо Димовски
- Синиша Стојаноски
- Бети Стаменкоска-Трајкоска
- Тони Јаревски
- Иван Живковски
- Љупчо Пренџов
- Марија Митева
- Иванка Василевска
Во оваа изборна единица како пратеници од листата на коалицијата предводена од СДСМ не успеаја да влезат вицепремиерот Бојан Маричиќ и претседателката на ДОМ, Маја Морачанин.
Изборна единица 2
ВМРО-ДПМНЕ и нејзината коалиција во оваа изборна единица, со освоени 66 422 гласа, би имала 8 пратеници, а „Коалицијата за европска иднина“, предводена од СДСМ, со добиени 18 631 глас ќе има два мандата.
Во новиот парламентарен состав од овие две коалиции како пратеници влегуваат:
СДСМ
- Оливер Спасовски
- Фатмир Битиќи
ВМРО-ДПМНЕ
- Владо Мисајловски
- Жаклина Пешевска
- Иван Стоиљковиќ
- Бобан Николовски
- Бојан Стојаноски
- Каролина Насковска
- Зоран Коцевски
- Бране Петрушевски
Изборна единица 3
Од „тројката“, ВМРО-ДПМНЕ, со освоени 96 546 гласа, во идниот парламентарен состав би партиципирала со 14 пратеници. „Коалицијата за европска иднина“ предводена од СДСМ, со освоени 33 605 гласа, би имала четири пратеници.
Во новиот парламентарен состав од овие две коалиции како пратеници влегуваат:
СДСМ
- Сања Лукаревска
- Љупчо Николовски
- Горан Мисовски
- Благој Бочварски
ВМРО-ДПМНЕ
- Драган Ковачки
- Никола Мицевски
- Рашела Мизрахи
- Игор Здравковски
- Никола Коњановски
- Благица Ласовска
- Миле Лефков
- Даниерла Христова
- Марија Петрушевска
- Душко Иванов
- Александар Јамалов
- Драгана Бојковска
- Емил Спасовски
- Драгана Арсова
Изборна единица 4
Овде коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според досега обработените податоци, има освоени 96 536 гласа, кои ѝ носат 13 пратенички мандати, додека „Коалицијата за европска иднина“ на СДСМ со 41 962 гласа ќе има 5 мандати.
Во пратеничките фотелји од овие две коалиции ќе седнат:
СДСМ
- Венко Филипче
- Јованка Тренчевска
- Миле Талевски
- Соња Мираковска
- Борче Цветков
ВМРО-ДПМНЕ
- Александар Николовски
- Ели Панова
- Дејан Продановски
- Зоранчо Јованчев
- Ангелинка Петкова
- Петар Ристески
- Златко Пенков
- Моника Трајанова
- Јулија Тушевска
- Жан Дрвошанов
- Петар Марков
- Билјана Кузмановска
Изборна единица 5
Во петтата изборна единица, коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ со добиени 73 916 гласа би имала 10 пратеници, а коалицијата на СДСМ со 26 904 гласа – три мандати.
Во новиот парламентарен состав од овие две коалиции како пратеници влегуваат:
СДСМ
- Јован Митрески
- Бисера Костадиновска-Стојчевска
- Митко Трајчулевски
ВМРО-ДПМНЕ
- Ѓорѓија Сајкоски
- Олга Лозановска
- Сашо Донев
- Пеце Милевски
- Јован Јаулевски
- Лидија Петковска
- Мевмед Џафери
- Кире Божиновски
- Силвана Ангелевска
- Грација Бакраческа
Изборна единица 6
Во оваа изборна единица, коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ според досега обработените податоци, освоила 21 639 гласа со кои би имала три пратеници, а „Коалицијата за европска иднина“ предводена од СДСМ со 6 418 гласа добива само еден пратеник.
Во новиот парламентарен состав од овие две коалиции како пратеници влегуваат:
СДСМ
- Славјанка Петровска
ВМРО-ДПМНЕ
- Дафина Стојановска
- Александар Велјановски
- Валентина Марчевска