Апсења во Пакистан по страшната снимка во која брат ја убива сестрата, таткото гледал сè

Пакистанската полиција уапси татко и брат, откако видеото од провинцијата Пенџаб на кое брат ја дави својата сестра додека таткото гледа, стана вирална, соопштија официјални лица.

Настанот предизвика шок и бес во нацијата која се бори со бранот насилство врз жените. 22-годишна девојка била убиена од нејзиниот брат додека нејзиниот татко гледал, а непознато трето лице го снимило злосторството, изјави за ДПА претставник на локалната полиција Рана Акмал.

Инцидентот се случил во градот Тоба Тек Синг минатата недела. Семејството ја закопало жената тврдејќи дека умрела од колера.

И таткото и братот ѝ кажале на полицијата дека со години ја силувале жената и ја убиле за да го сокријат своето злосторство, изјави полицискиот службеник Мохамед Имран.

Се спроведуваат рации за апсење на лицето кое наводно го снимило злосторството.

Текстот Апсења во Пакистан по страшната снимка во која брат ја убива сестрата, таткото гледал сè е превземен од МАКФАКС.