Меси си оствари еден од соновите на натпреварот против Њуелс Олд Бојс

Фудбалерите на Интер Мајами го одиграа последниот натпревар од подготвителниот меч пред стартот на МЛС сезоната, против тим за кој сентиментално е врзан Лео Меси, Њуелс Олд Бојс.

Мечот на стадионот во Мајами заврши со нерешен резултат 1:1, а евидентна беше пријателската ситуација меѓу двете екипи и дружбата на терен по натпреварот.

Интер во пред-сезоната, успеа да добие само еден натпревар и тоа против најслабиот ривал, селекцијата на Хонг Конг, во меч каде не играа ни Меси ни Суарез.

Минатата ноќ Лео Меси го оствари својот сон, или еден од многуте, да заигра против клубот во кој ја почна кариерата.

Освен за Лео Меси, ова беше емотивен момент и за тренерот на Интер, Херардо Мартин, кој како играч држи рекорд по бројот на одиграни натпревари за Њуелс и по бројот на освоени титули со овој клуб.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО