НИКОЛОВСКИ ВО ПОСЕТА НА МАЛАТА СЕМЕЈНА ВИНАРИЈА КИЕВО Вложуваме многу во винскиот сектор, а резултатите од нашите мерки веќе ги гледаме

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска беше во посета  на малата семејна винарија Киево, кај Филип Камчев, во Карбинци, успешен добитник на грант поддршка од 10.000 евра за малите винарии, во набавка на опрема за произвдоство.
437381969_964258655067971_164240168819390445_n
436485233_964258785067958_1623314300018491817_n
437565834_964258811734622_1729411102277109284_n
– Вложуваме многу во винскиот сектор, а резултатите од нашите мерки веќе ги гледаме. Денеска имаме рекордна бројка од 173 регистрирани мали семејни винарии, ширум целата држава. Поддржани со грант 145 мали винарии. Ако до 2019 година сме имале 71, денес имаме вкупно 255 регистрирани винарски визби во државата, потенцира Николовски.
437106150_964258735067963_4446425305218950390_n
– Донесовме целосно нов закон за вино, кој на лозарите, за прв пат, со закон им ја гарантира цената на винското грозје, како и нова посебна програма за финасиска поддршка за лозарството и винарството. Ние сме винска земја со вредни лозари и ентузијасти како Филип, кои од убавото наше грозје, го прават најубавото вино, по кое светот не препознава. Продолжуваме напред со уште повеќе резултати за земјоделците, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e