Тешка несреќа во Нигерија: Големата ѕвезда тешко повредена, неговиот брат го загубил животот

Тажна вест доаѓа од Нигерија. Тијани (50) и Ибрахим Бабангида (47), прочуените фудбалери од оваа земја, во четвртокот доживеале тешка сообраќајна несреќа во родната земја, на патот меѓу Кадуна и Зарија. Ибрахим починал, а Тијани е во болница во критична состојба.

Според претходните извештаи на нигериските медиуми, во автомобилот имало уште три лица: сопругата, синот и куќната помошничка на Тијани. Емануел Бабајаро, генералниот секретар на Здружението на професионални фудбалери на Нигерија (ПФАН), ги повика луѓето да се молат велејќи дека имало „ужасна сообраќајна несреќа на автопатот“.

Во соопштението се наведува дека Ибрахим починал на лице место, додека останатите патници итно се пренесени во болница. Тијани е во критична состојба, но свесен, додека нема детални информации за неговата сопруга и синот, но се вели дека се опоравуваат.

Ибрахим мина пет години од својата кариера во нигерискиот фудбал, а од 1997 до 2002 година беше член на холандски Волендам. Зад Тијани е многу поуспешна кариера: има 36 настапи за репрезентацијата на Нигерија и пет гола, а освои и три трофеи со Ајакс (лига и Куп 1997/1998 и Куп 1998/1999) и Купот на Турција со Генчлербирлиги од Анкара (2001 година). Во 1996 година, тој го освои олимпиското злато со репрезентацијата на Нигерија.

Се вчитува...