Според најновите вести од извори на Фабрицио Романо, Челси го обезбеди првото засилување за следниот трансфер прозорец со потпишувањето на 17-годишниот португалски талент Џовани Куенда, кој моментално го брани дресот на Спортинг. За неговите способности веќе беше изразен интерес од Манчестер Јунајтед и други врвни англиски клубови, а се споменува сума од околу 50 милиони евра за овој млад играч.
Куенда, кој пред да премине во Челси ќе остане во Спортинг уште една сезона, се согласи за условите понудени од лондонскиот клуб и визијата на тренерот Енцо Мареска. Управата на Челси успешно ги заврши преговорите со Спортинг и неговото доаѓање се очекува во 2026 година.
Иако точниот износ кој Челси ќе го плати за младиот Португалец не е јавно објавен, неговата актуелна вредност според Трансфермаркт е проценета на 30 милиони евра. Со само 17 години, Куенда веќе има импресивно искуство со 43 појави во првиот тим на Спортинг, во кои постигнал два гола и запишал седум асистенции.
Романо исто така известува дека Куенда беше на чекор до трансфер во Манчестер Јунајтед, но целата работа ја сврте Челси, чиј потег беше опишан како “таен напад”.
The post Челси постигна договор за летен трансфер appeared first on 365.mk.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.