Велигденски панаѓур во Штип, разновидни тезги со евтини цени на производите

Традицијата стара 30 години продолжува и денеска, се организираше велигденски панаѓур по повод Велигденските празници. . На пазарот во Штип, тезгите изобилуваа со голем избор, па граѓните успееја и да купат по нешто. Децидни се дека и покрај малите примања целта на ваков вид панѓур е да се купат евтини работи. Времето денеска не ги послужи, но затоа во текот на денот се очекува поголема излезност.

„Имам бааѓи роба изложено, кој сака нека повеле. Најаниски, минимални 50 денара мислам за денешни услови тоа е нешто најниско шо може да се најде. Овоа ми е веќе прва година али втор пат вака на панаѓуро. Па лошо е времето, да е малку подобро времето мош ќе има излезеност. Па надаме се дека ќе биде нешто.“

„Стара роба продаваме, текстил ама нема работа нешто дожд денеска. Бевме лани, истата работа беше, иста цена се. Нема поевтино ништо„

На велигденскиот пазар се поставени неверојатни околу 40 до 50 тезги, изјави организаторот Раман Демиров. Целта е да се купат работи по многу пониски цени за разлика од дуќаните во центарот.

„Па иаме околу 40-50тезги. Па токму тоа е целта на панаѓурите, значи да има ниски цени нормално не можат да бидат цените како во градот во дуќаните шо се. Панаѓуро се организира мош 20 -30 пат во Штип. Милсам овај панаѓур стана традиција во Штип.„ Раман Демиров огранизатор на панаѓурот

Купувачите се задоволни од изборот и од цените.

„Сега ќе купеме, чорапи. Нешто ќе видеме сега улаваме у пазаро“

„Кој нема пари убаво е. Ќе видам сега, ако најдам нешто поевтино ќе си зеам“

„Јас искрено не сум ногу по тие евтино,скапо, ја коа ми се свиѓа зимами пато си фаќам“

Велигденскиот панаѓур започна денеска на 4 мај и ќе трае во наредните два дена до понеделник.

Лаура Стојанова М-Нет