„Во фокус“: Бројни злоупотреби на балансерот, институциите се полнеа со кадри на ДУИ

„Во фокус“: Бројни злоупотреби на балансерот, институциите се полнеа со кадри на ДУИ

Механизам за партиски вработувања а не за правична застапеност. Директори што не знаат да зборуваат македонски, министри што зборуваат само англиски, вработени кои не се ни појавуваат на работните места – балансерот наместо да ги интегрира помалите заедници се чини служи како алатка за вдомување на партиските кадри на ДУИ.

Познавачите анализираат дека денес гледаме повеќе начини на злоупотреба на балансерот освен партиските вработувања..

  • Мерката балансер беше и се злоупотребува од повеќе аспекти. Не само за партиски вработувања. Тоа е веќе карактеристика на голем број вработувања и без балансер во јавната администрација. Но се злоупотребува и во концептот на создавање на лажна слика за она што се нарекува чувство, дали си во она или она заедница. Одредни лица, се поставуваат во ситуација да лажат при вработувањето, да кажуваат работи кои не се вистините за себе самите се со цел да остварат вработување“, вели универзитетскиот професор Лазар Јовевски.  

Во исчекување на новиот извештај за вработувањата под државна капа, анализата од бројките во 2022 година, покажува дека јавната администрација броела 110.465 вработени, 78.833, односно 71,36% се Македонци, 23.855, односно 21,60% се Албанци, 2.675, односно 2,42% се Турци, 1.651, односно 1,49% се Роми, 1.542 и.т.н.

Од министерствата, најинтересно за анализирање е она со кое раководи Артан Груби – за политички систем и односи меѓу заедниците – бидејќи таму 84,3 проценти се од албанска етничка заедница, 5 проценти Македонци, 4 отсто Турци и по некој од другите етнички заедници. Таков или сличен процент на вработувања има и во Министерството за економија, Државен здраствен и санитарен инспекторат, Биро за реогинален развој, Инспекторат за употреба на јазиците…

Во Министерство за локална самоуправа, процентот на вработени Македонци и Албанци е еднаков односно и од двете заедници има по 44,44%. Единтично е и во Државен пазарен инспекторат,  Агенција за примена на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните, Државното правобранителство..

На државно ниво, според последниот извештај, бројките покажуваат дека балансерот сепак не помогнал помалите етнички заедници да имаат предност во вработувањата.

Тоа е видливо и по општината како што се Дебар, Боговиње, Врапчиште, Студеничани каде се изоставени вработувања од турската етничка заедница. 

Доколку продолжи употребата на балансерот ќе има само нови злоупотреби. Крајно време е да замине во историјата бидејќи целта за која добил зелено светло веќе е исполнета, вели професорот Јовевски.

  • Коректив на секој квотен систем е квалитетот и професионалноста. Ако тоа не се вклучи како основно решение за вработување и напредување на работно место тогаш самиот балансер и самиот квотен систем, станува антипот односно почнува да работи против основната цел за која се донел.  Во оваа фаза, имаме состојба каде што целта на балансерот е исполнета и немам дилеми дека балансерот, дека во оваа фаза во политичкиот економскиот живот во Македонија и треба да се смести во историјата, и потоа преку анализи да го проценуваме неговото позитивно или негативно влијание“ дециден е професорот Јовевски.

Опозицискиот лидер веќе подолго време бара укинување на балансерот.

  • Ова е услов исто така, кој сака да биде во коалиција со идниот убедлив победник на следните избори, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ја предводи ќе мора да седне и да преговара и да се сложи за укинување на балансерот, затоа што цениме дека е неправичен, дека фаворизира, дека дискриминира“, рече Мицкоски.

А сега, после седум години на власт на актуелната коалиција СДСМ-ДУИ, и Димитар Ковачевски призна дека чести се злоупотребите при вработување.

  • „Ние мора да воведеме закони, принципи и механизми, бидејќи овој механизам, балансер, којшто е софтверско решение направено во времето на ВМРО-ДПМНЕ, очигледно дека почна да се злоупотребува. Било кого да прашате, тоа ќе ви го потврди. Мора да изнајдеме решение сите заедно, бидејќи тоа решение е направено врз основа на Рамковен договор“, рече Ковачевски.

И граѓаните во Македонија не сметаат дека вработувањата по етничка основа ќе донесат правилна застапеност. Анкетата спроведена лани покажа дека три четвртини од испитаниците или за 76 проценти лоша е праксата на вработувања по етнички клуч.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста