Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека му рекол на американскиот претседател Доналд Трамп оти мора да се постави краен рок за прекин на огнот во Украина за да се постигне.
„20-ти април би бил добро време за целосен прекин на огнот без никакви услови… Затоа што има рок, затоа што е Велигден и затоа што Доналд Трамп тогаш ќе биде на функција три месеци“, изјави Стуб за финските новинари во Лондон.
Стуб дојде во ненадејна посета на Флорида за да се сретне со Трамп. Тие разговараа за зајакнување на билатералното партнерство на нивните земји и одиграа голф, соопшти канцеларијата на Стуб.
Откако ја презеде функцијата во јануари, Трамп се фокусираше на завршување на војната во Украина. Претходно оваа недела, Соединетите Држави објавија посебни договори со Украина и Русија за да ги прекинат нивните напади во Црното Море и врз енергетските цели.
Стуб им рече на новинарите дека трпението на Трамп со Русија е при крај и дека САД имаат далекосежни планови доколку Русија не прифати прекин на огнот. Трамп денеска се закани дека ќе воведе секундарни царини од 25 до 50 отсто за целата руска нафта доколку добие впечаток дека Москва ги блокира неговите напори да стави крај на војната.
Текстот Финскиот претседател: Трамп го губи трпението со Русија, има големи планови е превземен од МАКФАКС.