Поврзете се со нас

Свет

Перфектни изданија на Димитриевски и Димитриоски против Синфин

Објавено

на

foto:twitter.com/Mcamino28

Дарко Димитриевски и Димитар Димитриоски одиграа исклучително важна улога во славјето на Валјадолид над Блендио Синфин во АСОБАЛ лигата.

Гостите ја потврдија одличната форма и статусот на фаворити со триумф од 36:31, триумф број пет на последните шест дуели во најсилниот шпански шампионат.

Македонските интернационалци го одиграа овој дуел без грешка, Димитриевски имаше реализација три од три, а Димитриоски четири од четири. Прв стрелец беше Фреитас со седум реализации.

Со 29 бода Валјадолид го зазема шестото место. Во следното коло избраниците на Писонеро ќе го пречекаат Адемар кој е едно место повисоко на табелата.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни