Ги освои УС ОПЕН и Вимблдон, но Ролан Гарос и не му е по желба: Алкараз посакува нешто друго годинава

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз истакна дека доколку би можел да избира, повеќе посакувал да го освои златото на Олимписките игри, отколку трофејот на Ролан Гарос.

– Доколку можам да избирам, оваа година повеќе посакувам злато на ОИ, отколку трофеј на Ролан Гарос, порача Алкараз пред пчетокот на турнирот во Буенос Аирес.

Шампионот од УС ОПЕН 2022 и Вимблдон 2023, ќе го брани трофејот во Буенос Аирес.

– Беше тоа неверојатен турнир за мене и затоа сакав да се вратам оваа година, порача вториот тенисер во светот и порача дека се чувствува физички добро.

Алкараз во Аргентина ќе почне од второто коло, а противник ќе му биде победникот од дуелот меѓу Пабло Вираљес и Камило Сарабела.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО