Де Брујне дефинитивно го напушта Манчестер сити

Кевин Де Брујне по цели десет години го напушта Манчестер сити на крајот од сезоната, а искусниот играч за врска, очигледно, кариерата би можел да ја продолжи во Саудиска Арабија.

Името на новиот тим е големо изненадување. Само страсните фудбалски фанови слушнале за клубот од Саудиска Арабија наречен Неом СЦ. Станува збор за второлигаш од оваа земја кој речиси сигурно следната сезона ќе игра во елитното ниво на натпреварувањето.

Неом порано се викал Ал-Сукур. Од 2023 година тие го носат сегашното име и се на добар пат да влезат во елитата. Нивното прво големо засилување таму би требало да биде Кевин Де Брујн., а бројни странски медиуми јавуваат дека преговорите меѓу двете страни се сериозни и позитивни

Се вчитува...