Дигитализирана и направена на знаковен јазик сликовницата „Нашите детски права“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ ја дигитализираше и ја направи достапна на знаковен јазик сликовницата „Нашите детски права“.

Како што посочуваат од „Чекор по чекор“, сликовницата ги запознава најмладите читатели со правата на децата и ги поттикнува на интересни активности.

„Оваа сликовница е достапна на нашата веб страна на 6 јазици: македонски, албански, турски, српски, босански и ромски јазик. Не заборавајте на претпоследната страна да го најдете линкот до вежби и активности со кои ќе имате забавни мигови со Вашите деца и ученици“, велат од „Чекор по чекор“.

Активноста е во рамки на проектот „Децата на 1-во место“ финансиран од ЕУ.