Рома со два гола во првите шест минути го реши Емполи (ВИДЕО)

По неочекуваната елиминација од Кремонезе во четвртфиналето од Купот на Италија, Рома со сите сили повторно се врати на победите во Серија А, триумфирајќи со 2-0 против Емполи во 21. коло од шампионатот.

Се на мечот беше готово по само шест минути игра.

Најпрво Ибањез уште во 2. минута ја донесе „волчицата“ до предност од 1-0, а потоа во 6. минута Абрахам погоди за 2-0.

До крајот на дуелот мрежите мируваа. Рома со 40 бода сега се врати на делба на втората позиција заедно со Интер кој има и натпревар помалку.

Се вчитува...