Живот ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Живот: „Златната крв“ на Џејмс Харисон

Кога имал само 14 години, Џејмс Харисон од Австралија бил подложен на голема операција на градниот кош, за што итно била потребна поголема количина крв. По операцијата бил во болница полни три месеци. Уште на таа возраст му станало јасно дека дарувањето крв му го спасило животот и ветил дека ќе почне да дарува крв штом наполни 18 години.

Харисон почна да донира крв во 1954 година. Докторите откриле дека неговата крв содржи невообичаено силни и отпорни анти-Д имуноглобулински антитела. Супстанцијата во крвта на Харисон се нарекува анти-Rh D антиген. Ако мајката има различна крвна група и/или Rh фактор, детето може да развие хемолитичка болест која може да доведе до смрт. Од неговата крвна плазма е создаден серум кој откако ќе и’ се даде на Rh негативна жена, која е бремена со Rh позитивно дете, се спречува создавањето на антитела во крвта, а со тоа и хемолитична жолтица кај новороденчињата.

Харисон ја донирал својата плазма во просек на секои три недели во текот на полни 57 години. Во мај 2011 година дарува крв по илјадити пат, што е светски рекорд. До 2015 година, сите антирезус лекови во Австралија се произведувале од плазмата на Харисон. Во мај 2018 година, Харисон донираше крв за последен пат.

Неговата плазма помогна да се спасат животите на над два милиони новороденчиња, вклучувајќи ја и неговата внука.

ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука