Така работи Реал: Капитенот објави дека си оди, Перес веднаш го носи најбараниот млад дефанзивец во Европа

Капитенот на Реал Мадрид, Начо Фернандес, неодамна порача дека на крајот од сезоната си заминува од „Сантијаго Бернабеу“, а претседателот на Кралевите, Флорентино Перес, веднаш тргна по потписот со неговиот наследник, тоа е најбараниот млад дефанзивец во Европа, Лени Јоро.

Јоро, кој има само 18 години, настапува за Лил и веќе се наоѓа на радарот на гиганти како ПСЖ, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Баерн Минхен, но со вклучувањето на Реал Мадрид во трката по неговиот потпис, шпанските медиуми немаат дилеми за кој тим ќе игра дефанзивецот од следната сезона.

 

Според медиумите, Перес е подготвен да му плати отштета на Лил во висина од 60 милиони евра, а Јоро од следната сезона би ја зголемил француската колонија во Реал бидејќи кралскиот дрес веќе го носат Едуардо Камавинга, Ферлан Менди и Орелијан Чуамени, а налето ќе потпише и Килијан Мбапе.

Триесет и четиригодишниот Начо Фернандес досегашната кариера ја помина во Реал Мадрид, од 2001 година е дел на академијата на Кралевите, од 2009 до 2013 година играше за вториот тим на Кралевите, а од 2011 година е дел од првиот тим на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести