Играта „Orcs Мust Die! 3“ е бесплатна на Epic Games до четврток

Станува збор за акциона игра, која комбинира елементи од Fortnite, World Of Warcraft и игри со преживување, во која се истребуваат бранови на орци кои го напаѓаат играчот

Играта „Orcs Мust Die! 3“ е бесплатна на Epic Games до четврток, однсоно 9 мај. Станува збор за акциона игра која комбинира елементи од Fortnite, World Of Warcraft и игри со преживување. Во играта истребувате бранови на напаѓачки Орци (или попоуларно кажано „Орки”). Стил на анимација потсетува на ликовите од Fable и WoW Warlords of Draneor експанзијата, а има и големи сличности со играта Kingdoms of Amaldur. Еве го трејлерот за играта:

Во однос на механиките во играта, може да се играат различни ликови, а најчестото почетничко оружје е „Магичен лак со бесконечно стрели“, иако може да се користат и пушки како главно оружје. Се играат инстанци со повеќе чекпоинти, каде уште позначајно оружје се стапиците кои ги поставувате и пред борби за време на нив. Има различни стапици – едноставни стапици со шилци, трамполини што лансираат орци во провалија и голем број варијации на сè што е видено досега како стапица во RPG игри. Дури има и нивоа и каде може да се користи катапулт.

Инаку, иако замислата за такво оружје постои одамна, „Магичен лак со бесконечно стрели” се популаризира преку телевискиот серијал анимирани филмови Dungeons and Dragons, каде „Стрелецот“ кој е водач на групата има таков лак:

Ова оружје потоа го достигна врвот на својата популарност во Скајрим, каде можеше со посебна магија да се „произведе“ лакот:

Има разни приказни за потеклото на орците. Според книгата „Силмарилион“ од Џ. Р. Р. Толкин, чиј македонски превод неодамна беше издаден, орците првично биле елфи, кои станале корумпирани и потоа биле трансформирани во орки затоа што му се придружиле на Мелкор или Моргот. 

Во Warcraft орците доаѓаат како освојувачи од друга планета преку „Црниот Портал“.

Во „Orcs Must Die! 3“, пак,  нема некое објаснување за нивното потекло, ниту пак којзнае каква приказна – играта се базира на акција и не се објаснува многу за орките. Впрочем, станува збор за комична игра. 

Играта “Orcs Must Die! 3” вообичаено чини 27 евра, а сега е добра шанса да ја земете бесплатно.