Три стана и гаража на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, продадени на аукција

0
166

Три стана и гаража чиј некогашен сопственик беше екс шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, денеска беа продадени на електронско наддавање со вкупа сума од 332 илјади евра. Станува збор за три стана со вкупна површина од 224 метри квадратни и гараа од 30 метри квадратни кои се наоѓаат во центарот на Скопје, веднаш под Панорама. Овие станови се само дел од имотот кој му беше одземен на Мијалков во предметот „Империја“ а нема официјална информација дали станива збор за еден или повеќе купувачи, објави mk.voanews.com.

„Имајќи предвид дека продажбата се одвиваше по пат на електронско наддавање, транспарентно за целата јавност, со задволство објавувам дека продажбата на три стана кои се наоѓаат на улицата Славејко Арсов еден од 78 метри квадратни и два од 73 метри квадратни и гаража од 30 метри квадратни се одвиваше непречено и истите завршија успешно. Согласно постигнати вредности во државниот Буџет ќе бидат уплатени парични средства кои беа одземени од граѓаните и ќе бидат повратени во вкупна вредност од 332.276 евра“, изјави Дритон Небиу, директор на Агенцијата за управување со одземен имот.

Ова е втора успешна лицитација со дел од имотот одземен од Мијалков.

Во септември за вкупна сума од 244 илјади евра беа продадени два стана во Охрид една парцела земјоделско земјиште.

Во јули пак на електронска аукција беа ставени пакет акции од повеќе фирми и компании кои беа одземени од Мијалков, но за нив немаше заинтересирани купувачи.

Од агенцијата најавуваат дека идната недела повторно ќе се продава дел од имотот на Мијалков, а граѓните ќе бидат извесени преку оглас кој ќе биде објавен на страната на Агенцијата.

„Ја инфромираме јавноста дека продолжуваме и понатаму за истиот предмет и во најскоро време ќе објавиме продаба и за други недвижености за кои веќе имаме правосилни судски одлуки. Целиот имот опфатен во предметот „Имеприја“ а одземен од Сашо Мијалков, тоа што останало, недвижности, градежно земјиште и станови ќе гледаме кој од нив е веќе подготвен и ќе се огласи“, соопшти Небиу.

Директорот на Агенцијата, Небиу, пред петанесетина дена алармираше дека кон него се вршат притисоци и дека добива закани околку денешното наддавање на имотот на Мијалков за што го извести и МВР. Денеска тој повторно не кажа од каде доаѓале законите и притисоците.

„ Мислам дека има напредок превземени се конкретни чекори“, кусо кажа Небиу.

Тогашното Специјално јавно обвинителство (СЈО) го отвори случајот „Империја“ во 2018 година а го заврши Обвинителството за гонење на организиран криминал. Дваесетина лица беа обвинети за злосторничко здружување, измама, перење пари, оштетување или повластување на доверители и злоупотреба на службената положба и овластување.

За да издејствува спогодба со Обвинителството која резултираше со тригодишна затворска казна, Мијалков на државата и предаде имот вреден над 20 милиони евра како и 6,1 милион евра во готово. Тогашната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Вилма Рускоска, соопшти дека на Мијалков му е запленет имот вреден вкупно 30 милиони евра.

Седуммина обвинети признаа вина и се спогодија со Обвинителството. Покрај Мијалков тоа го стори и Орце Камчев.

извор: mk.voanews.com