Русите прават голем напредок во источна Украина

Од:

Руските сили постигнаа значителен напредок во тесниот коридор во источна Украина, а офанзивата на Москва за заземање територија пред пристигнувањето на западната воена помош се забрзува, пишува Гардијан.

На снимката објавена од воените блогери на Кремљ се гледа како руската тробојка лета над уништеното село Очеретин. Руските војници, наводно, влегле на територија северозападно од градот Авдијевка, откако за 10 дена напреднале околу пет километри.

Украинската армија, да потсетиме, се повлече од Авдијевка во февруари и се обидува да воспостави нова одбранбена линија во населбите долж реката Дурна, но во последните недели засилените руски војници напредуваат, користејќи воздушни бомби за рушење на украинските бункери.

Малку посеверно, во тек е голема руска офанзива за заземање на градот Часив Јар. Источната воена команда на Украина објави дека од 20.000 до 25.000 непријателски војници се обидуваат да го нападнат градот и околните области.

– Кремљ сака да го освои до 9 мај – датумот кога Русите го слават Денот на советската победа во Втората светска војна, рече Володимир Зеленски.

Би можело да ве интересира

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa