Top Sport

(Видео) Финалето во Суперкупот на Турција траеше 50 секунди

Во финалето на турскиот Суперкуп траеше 50 секунди. Беше најавено дека Фенербахче ќе излесе со јуниорскиот тим против Галатасарај и тоа и се случи.

Фенербахче на овој начин го продолжи својот протест против Фудбалскиот сојуз на Турција поради случувањата по натпреварот со Трабзон.

Исто така, како причина за бунтот се наведува и одбивањето на барањето за одложување на натпреварот поради обврските на Фенербахче во Конференциската лига.

Кога почна натпреварот, јуниорите на Фенер му дозволија на Галатасарај да постигне гол.
А потоа само 50 секунди по стартот го напуштија теренот и го предадоа мечот.

Scroll to Top