Како што објавија некои медиуми, кираџија со неколку истрели го убил сопственикот на куќата во која живеел, а го повредил и малолетниот син на сопственикот. По ова, убиецот си го одзел животот со истрел во главата
Утринава во скопско Волково се случило пукање при што починати се две лица, а едно лице е повредено и пренесено на скопските клиники.
„Денеска (24.03.2025) околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Р.Ц. и М.Н. од здобиените повреди починале на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со повреди се здобил и еден малолетник, кој бил пренесен во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза“ за укажување помош’. Како можен сторител на настанот се посочува М.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“,
инфорираат од МВР.
Како што објавија некои медиуми, кираџија со неколку истрели го убил сопственикот на куќата во која живеел, а го повредил и малолетниот син на сопственикот. По ова, убиецот си го одзел животот со истрел во главата.