МВР: Три случаи на фотографирање и два случаи на кинење на гласачкото ливче

53

Министерство за внатрешни работи пред малку објави за регистрирани настани во текот на гласањето:

-Во 14 часот е пријавено дека на избирачко место во Штип М.Ш. (23) го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.

-Полициски службеници од СВР Штип го приведоа Г.Ј. (34) од с. Тработивиште затоа што го фотографирал гласачкото ливче. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

-Во 15.30 часот е пријавено дека на избирачко место бр. 1680 во с. Сопот Р.А. од с. Сопот го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.

– Во 15.40 часот е пријавено дека на избирачко место бр. 2880 во Скопје Р.Х. (72) го скинал гласачкото ливче. Р.Х. е приведен и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

-Во 15.50 часот е пријавено дека во избирачкото место бр.2783 во Скопје Б. С. (48) го скинала гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.